Овој пат, разноразни комори и здруженија, ја детектираат клучната причина за трагедијата.
Овој пат, разноразни комори и здруженија, ја детектираат клучната причина за трагедијата.
Никако да престанат шпекулациите, лажните обвинувања и ноторните невистини околу трагедијата со потонувањето на бродот „Илинден“. Денес се огласи Стопанската комора за туризам со седиште во Скопје со обвинувања дека клучна причина за трагедијата е тоа што бугарските туристи немале водич. Од Здружението на водичи пак, Бранко Босилков со изјава
„ Ако групата туристи од Бугарија имаше локален водич, случајот ќе изгледаше многу поинаку, зашто тој знае колкав е капацитетот на бродот и немаше да дозволи да се качат во толкав број. Апсолутно ќе се избегнеше трагедијата.“
ТВМ веднаш стапи во контакт со лиценцираниот водач Наумка Јолеска, која на кобниот ден ја предводеше групата. Таа, за овие обвинувања слушна од ншиот новинар и беше непријатно изненадена од ваквата непрофесионалност на Стопанската Комора за туризам и Здружението на водичи. Еве што Јолеска изјави во врска со нивните обвинувања:
„Во врска со обвинувањата дека не сум лиценциран водич, сакам да изјавам дека јас имам положено и сум лиценсиран водич од мај, 2006-та година….Обично во манастирот „Св. Наум“ се оди со автобус, но по желба на туристите, се одлучи да се оди со брод. Ние ги пратевме, нормално, се качивме со нив на брод за да можат да знаат што гледаат. Никој не сакаше да се случи таа несреќа. Можеше да му се случи на секој туристички водич, на било која туристичка агенција, без разлика дали е лиценцирана во Бугарија или не, затоа што сите работат на истиот начин.“
Само со едно телефонско јавување до Локалната самоуправа во Охрид, односно до секторот ТЛЕР, господата од Скопје можеле да го добијат регистарот на туристички водичи на град Охрид. Во истиот, под број 19 уредно е заведена Наумка Јолеска, која својата лиценца за туристички водич број 04/06, ја добила во 2006-та година.
Со ова уште еднаш се покажува несериозноста, непрофесионалноста, аматеризмот, како и желбата за сензационализам, не само кај медиумите туку и кај разно-разни комори, здруженија и организации желни за 5 минути слава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град