Повторно истекуваат фекалии кај Каналот

Проблемот со излевањето на фекалиите кај Каналот, Билјанини извори иако со помал интензитет, сеуште присутен. Откако минатата недела надлежните се погрижија изворот на загадување да биде спречен, денес повторно се забележува протекување. За жал овој проблем се провлекува еден подолг временски период, а вистинското решение и натаму изостанува.

 |  Мишел Наумоски  | 
kanal
kanal

fekaliiМинатата недела веќе беше актуелизиран овој проблем, по што надлежните екипи успеаа да го откријат и спречат изворот на фекално загадување. Како причина за истекувањето беше наведено дивото приклучување на дождовната канализација од неколку куќи на улица Асном. За овој проблем со апел се јави и градоначалникот Петрески кој им порача на граѓаните совесно да се однесуваат кон животната средина и наместо надиво да се приклучуваат во дождовната канализација, тоа да го направат легално на фекалната. И покрај тоа што беше спречено излевањето на фекалии, по се станува збор или за привремено или за делумно спроведено решение, бидејќи денес повторно се забележува истекување на фекалии.

fekaliiОд едриличарскиот клуб ни рекоа дека ова истекување потешко се забележува, и дека проблемот станува уште поголем кога врне дожд. Тие велат овој проблем мора да се реши, бидејќи фекалиите се извор на опасни зарази. И додека објаснувањата на надлежните околу овој проблем се менуваа, единствено проблемот остануваше ист. Се почна со објаснувањето дека поради преоптовареност дел од фекалната се прелева во атмосферската канализација, потоа дека несовесни граѓани одложуваат цврст отпад во канализациона мрежа, за на крај да се дојде до заклучокот дека проблемот лежи во диво приклучени куќи на атмосферска канализација. Единствено изостанува решението. Поради викендот и неработните денови, надлежните служби ќе може да интервенираат веќе од понеделник, со што се надеваме конечно ќе се стави крај на овој проблем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top