• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Повозрасните жители на Дебрца во подобра здравствена кондиција од нивните врсници во градот

Повозрасните жители на Дебрца во подобра здравствена кондиција од нивните врсници во градот

Ваква велат резултатите добиени од денешните превентивни прегледи кои Црвениот крст од Охрид ги спроведе заедно со Здружението Мозочен удар од Охрид и претставници од Клиниката за кардиологија од Скопје. Истите се во рамки на одбележувањето на неделата на грижа за стари лица.

 |  Мишел Наумоски  | 
pregledi

Повозрасните наши сограѓани од општина Дебрца, во подобра кондиција од оние во градот и со помала веројатност за срцеви и мозочни заболувања. Ова го покажаа резултатите од денешните превентивни прегледи кои Црвениот крст од Охрид ги спроведе во општина Дебрца, заедно со претставници од Здружението „Мозочен удар“ од Охрид и од Клиниката за кардиологија односно Центарот за аритмии од Скопје. ЕКГ, притисок, шеќер во крвта, ова се превентивните прегледи кои денес беа спроведени во село Белчишта и во домашни услови во Лешани и Велмеј кај лицата кои не биле во можност да дојдат во Белчишта.

crven krst pregledi„Во општина Дебрца зачудувачки во добра кондиција, значи имаше пациенти кои се со регулиран шеќер и крвен притисок, имаше луѓе здрави кои не земаат никаква терапија а се веќе на возраст од седумдесет, осумдесет години, кај двајца од нив најдовме аритмија, препорачавме да се посоветуваат со матичниот лекар, понатака да побараат помош од специјалист за заштита од мозочен удар.“-вели д-р Лидија Попоска-Клиника за кардиологија-Скопје.

Слично говорат и резултатите од нивното тестирање за ризик факторите за мозочен удар кај повозрасните жители во Дебрца.

preventivni pregledi„При пресметка на ризик факторите, откривме дека ризикот е многу понизок отколку во градот. Најверојатно тоа се должи на здравиот живот, на физичката активност на тие луѓе, само неколку од нив спаѓаа во групата со висок ризик за мозочен удар. Исто така делевме совети за оние ризик фактори кои сами пациентите можат да си ги превенираат, здравиот живот, престанок со пушење, престанок со консумација на алкохол, намалување на стресот и физичка активност.“-рече д-р Маја Божиноска-Здружение „Мозочен удар“-Охрид.

Покрај останатите активности кои Црвениот крст од Охрид ги организираше по повод неделата на грижа за стари лица, беа спроведени токму и овие прегледи на лица постари од 65 години во руралните места.

nedela na griza za stari lica„Целта на овие превентивни прегледи е да ги посетиме старите лица и да им овозможиме еден рутински преглед односно мерење на крвен притисок, мерење на шеќер во крвта и правење на ЕКГ, со што понатаму би можеле понатаму да се упатат кај нивните матични лекари и да побараат дополнителна помош доколку им е потребна.“-изјави Јованка Сион-Доленц-Црвен крст-Охрид.

Инаку во рамките на прегледите во општина Дебрца се делеле и совети за спречување на ризик факторите за појава на кардиоваскуларни и цереброваскуларни болести кај повозрасната група на граѓани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top