Повисоки плати за здравствените работници од 2016

Анекс на Колективен договор со кој ќе се овозможи сите здравствени работници со завршено високо образование (медицински сестри, рентген техничари, физиотерапевти, лаборанти, итн.) да добијат додаток на плата, потпишаа денеска министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.

 |  Голабовски Крсте  | 
kasica

zdravstvo-Договорот стапува во сила со февруарската плата која ќе биде реализирана со корекција на коефициентот. Вкупниот процент на корекцијата на платата е 36,9 отсто, истакна Каранфиловски.

Министерот Тодоров рече дека изготвиле анализа на состојбите во сите јавни здравствени установи каде одреден дел од здравствените работници со средно стручно образование, во меѓувреме имаат завршено високо стручно образование (во времетраење од 3 години, односно со стекнати 180 ЕКТС кредити). Toj посочи дека согласно анализата, станува збор за над 500 здравствени работници од повеќе ЈЗУ кои ќе бидат опфатени и отсега ќе добиваат додаток на платата во износ од околу 6.000 денари вкупно, односно во три наврати зголемување на платата за околу 2.000 денари (во 2016 година, со февруарската, јунската и декемвриската плата).

Министерот објасни дека ова бил горлив проблем на оваа категорија здравствени работници, имајќи предвид дека вложиле труд, енергија, и финансиски средства за својата образовна надградба, и следствено на тоа очекуваат соодветно вреднување на вложениот труд.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top