Утре во Инфо центарот на ЈУ Национален парк Галичица во Охрид ќе се одбележи годишнината од прогласувањето на националниот парк.
Утре во Инфо центарот на ЈУ Национален парк Галичица во Охрид ќе се одбележи годишнината од прогласувањето на националниот парк. Во 1958 година овој регион е прогласен е прогласен за национален парк „Галичица“ со цел да се зачува растителниот и животинскиот свет и природниот изглед на планината Галичица. Околу 2/3 од Паркот е вклучен во границите на Светското природно и културно наследство на охридскиот регион, впишано на листата на Светско културно и природно наследство на УНЕСКО.
Во текот на оваа година, ЈУНП „Галичица“ продолжи со трансформацијата на своето работење, преку зголемување на приходите од туристички активности, а намалување на приходите од директно користење на природни ресурси.
Согласно Годишната програма за заштита на природата изработена е нова веб страна www.galicica.org.mk и мобилна апликација за Андроид и IOS паметни телефони.Со тоа се подобрува запознавањето на посетителите со природните и културни вредности на Националниот парк, но исто така се допринесува за поголема безбедност на посетителите на паркот и подобрување на туристичката понуда во Охрид и регионот.Во рамки на своите активности, изработено е и ново промотивно видео за убавините на Националниот парк, а во соработка со Фондот за природа Преспа-Охрид беше изработено и видео кое ја прикажува соработката меѓу установата и ПОНТ на интересен и лесно разбирлив начин.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град