Повеќе или помалку успешна година за ЈП „Биљанини извори“

Враќањето на паркинизите во нивно владение, во голема мерка ќе ја зајакне финансиската состојба на претпријатието, вели директорката Гордана Јованоска.

 |  Крсте Голабовски  | 
parking
parking

„Договорот со концесионерот веќе завршува во феруари месец 2012 година, кога ние треба да ги преземеме централните паркинзи, односно оние со кои сега стопанисува концесионерот, но мислам дека освен тие, ќе имаме и други паркинзи во градот, вели директорката. Годината која е пред нас, додава таа, ќе ја одбележат и неколку проекти со кои ќе се унапреди развојот на спортскиот туризам. Поради тоа, посебно внимание ќе се посвети на работата на базенот, потенцира Јованоска.

„Сето тоа не доведе да размислуваме и за базенот повеќе. Оваа година како ЈП размилсуваме за годината која е пред нас на самиот базен да ја прошириме неговата дејност. Односно не само да пливаат, имаме едно игралиште кое почнавме да го правиме за да децата кога ќе излезат од вода да имаат со што да се занимаваат“, објаснува директорката.

Што се однесува до конкурсот кој е во тек, за избор на нов директор на ова претпријатие, директорката изјави оти се надева на реизбор на оваа функција, но додаде дека сепак, последната одлука е на Градоначалникот Александар Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top