Македонија е земја со совршени услови за занимавање со земјоделство и сточарство со високи природни вредности, кои пак може да ни донесат агро-еколошки плаќања од страна на EУ.
Македонија е една од ретките земји во кои има услови за занимавање со традиционално земјоделство и сточарство. Движењето на е екологистите на Македонија преку патувачка изложба низ целата држава, го претставува проектот со кој ќе се промовираат овие видови на стопански дејности.Низ четирите пилот региони во Македонија, Река, Мариово, Лакавица и Раткова скала кај Пробиштип, кој веќе и е заштитен како споменик на природата, експерти од областа на ботаниката и сточарството вршеа испитувања и идентификуваа семејства кои ги практикуваа земјоделството и сточарството со високи природни вредности, објаснува Ѓоко Зороски – Е.Д. „Грашница“ од Охрид.
„Тие живеат во склад со природата, а тоа е многу значајно бидејќи ги заштитуваат природните живеалишта, значи биолошкиот диверзитет се запазува на тој начин“ објаснува Зороски.
Зороски објаснува дека станува збор за концепт на ЕУ според кој на земјоделците кои го практикуваат овој начин на производство им се даваат одредени средства во вид на агро-еколошки паќања, преку ѓраѓанските организации и да продолжат со тоа. Екологистот Мате Гогоски, вели дека додека некој од надвор не ни укаже, ние не го забележуваме или воопшто не го цениме богатството со кое располагаме.
„ Македонија е подрачје со здрава храна. За жал ние тоа не го цениме, го ценат оние кои доаѓаат од страна и доаѓаат да ни кажат колку сме вредни колку имаме вредности, но ние сме го оставиел тоа на маргините.Кај нас политиката е во преден план, овие природни вредности од егзистенцијална важност за човекот и животот воопшто ние некако ги имаме сотавено во заден план“, дециден е Гогоски.
Изложбата досега беше поставена низ неколку градови во Македонија, а учениците од ОУ „Братство единство“ ќе творат инспириани од тоа што го виделе на неа, на тема „Ден за дружење и уметност“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град