Донесени мерките за поуспешна туристичка сезона

Државните и општинските надлежни органи денеска во Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид одржаа заеднички работен состанок на кој ги договараа заедничките мерки што ќе се преземат за подобра туристичка сезона. На средбата беа донесени повеќе заклучоци.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sostanok
состанок

 

ТЛЕР, СВР, пазарната инспекција и УЈП седнаа на маса каде ги договрија заедничките мерки што ќе се преземат за подобра туристичка сезона. Како што истакна секретарот на општината, Димитар Спасески, Локалната има тенденција да развива елитен туризам врз основа на сите европски стандарди. Тој додаде дека интензивно се работи софтверски да се поврзат сите релевантни институции како би се имало увид колку гости доаѓаат во градов и каде се сместени.

Ќе се работи и на решавање на проблемите со дивите станоиздавачи и викенд становите. Општа проценка е дека во градов има околу 7000 викенд станови. Најголемиот дел од нив се користат само 2-3 месеци, а нивните сопственици многу често бесправно ги издаваат на туристи.sostanok

– Има многу викенд станови и кон решенијата настапуваме заеднички со сите надлежни служби. Ќе го земеме предвид Законот за домување и остантите закони. За нас е особено важно одржувањето на заедничките простории, како што се ходници, паркови и слично, зашто во Охрид е честа појава, во една зграда да имаме три стана во кои живеат постојани жители, а останатите да се викенд-станови со коишто имаме проблеми пред се, од овој аспект. Во областа на туризмот сме свесни дека се нанесува штета пред се, во делот со нелегалното издавање на таквите станови. Нам тоа ќе ни биде во фокусот, вели Спасески.

За клучоците од оваа средба се следните:

Општинскиот инспекторат и Пазарна Инспекција да подготват информативни материјали кои ќе содржат информации за законските обврски на давателите и корисниците на туристичките услуги. sostanok

Службите на СВР Охрид превентивно ќе го интензивираат своето присуство на посочените спорни локации на кои најчесто делуваат нелегалните станоиздавачи и посредници и ќе пружаат асистенција на другите служби. Ова се однесува и на сопствениците на викенд становите кои нелегално ги издаваат истите.

Воведување телефонска линија и дежурна служба за пријавување на неправилности и незаконско работење во сферата на туризмот, јавен и такси превоз, нелегално посредување сместување на гости и неквалитетни услуги и слично.

Електронска пријава и одјава на престојот на гостите.

Во рамките на работата на Секторот за ТЛЕР, во наредниот период ќе се реализираат работни состаноци со сите други релевантни учесници во туризмот со цел надминување и на сите други останати проблеми.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top