Основниот суд во Прилеп утрово ја соопшти пресудата за убиството на српскиот државјанин Дејан Новаковиќ, во повтореното судење, откако битолска апелација ја укина првобитната пресуда за четворицата обвинети за учество во толпа со смртни последици лани во Охрид.
На тројца од обвинети, судот им ги потврди затворските казни – четири и пол години за Илче Јоноски, 4 години за Митре Костоски и една година затвор за Ѓоко Наумоски.
Единствено на првообвинетиот српскиот државјанин, Драган Ѓорѓевиќ, кој е во бегство, судот му ја намали претходната казна од 5 години, на четири години и девет месеци затвор.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град