Семејството Мустафови останаа без својата облека, лични предмети и покуќнина.Тоа се случило поради задоцнет долг за кирија.
Катинар на вратата за потстанарите во куќата на Лаброски Никола на ул. „Даме Груев“, бр 49. До неодамна таму под наем таму живееше семејството Мустафови од Охрид. Зад затворената врата остана се што поседуваат, а тие на улица. Иако потпишале договор на 3 години, тоа не било испочитувано од страна на станоиздавчот, кој во неколку наврати, преку негови блиски, испраќал луѓе да им се закануваат, како што кажа Миранда Мустафоска, која утрово со нејзиното млолетно дете дојде до нашата редакција да ни ја раскаже драмата која неодамна се случувала. Мустафоска кажа дека се започнало со извесна Наташа, роднина на станоиздавачот, која наводно работела во СВР Охрид.
„Пред тоа го имаше пуштено внук и со уште 5 други ми дојдоа дома во 10 часот навечер и ми се заканува мене. Влегоа дирекно внатре и рекоа ако не платите до 29 ќе дојдеме и се ќе ви искршиме све. Јас ги прашав кој сте за да му кажам на маж ми. Тој рече немаме право да ти кажеме тебе ние сме алфи, јас им реков како може така да упаѓате, тие ми одговорија дека имале право секаде да влезат“.
„Случајот го пријавивме во полиција но од таму не презедоа нешто конкретно“, вели Мустафоска. Додава дека добиле известување дека може да си ја земат облеката, личните работи и покуќнина, која остана затворена во куќата, а дека за долгот ќе бидат тужени. Во еден наврат, кажува Мустафоска, Наташа им се извинала за нејзините постапки, само да ја повлечат тужбата, а после тоа повторно биле изиграни.
„Полицаецот ни се јави на телефон и после тоа дојде детето со Наташа дома и ме молеше да ја повлечам пријавата. Тие ми се извинаа и јас ја повлеков пријавата и вчера кога требаше да си ги земам алиштата го држеше клучот во рака и ме провоцираше“.
За случајот запознаени се од СВР Охрид. „Пред неколку дена кај нас имше пријава од страна на Мустафови“, вели портпаролот на СВР, Стефан Димоски. Но таа не била со конотација како што Мустафоска ни ја презентирала нас, додава тој. Димоски рече дека според она што кај нив било доставено, пријавата по основ на сите закони се третирала по приватна должност, но останува простор доколку има нешто друго, да се пријави, како би се презеле соодветни законски мерки. Портпаролот дециден дека нема селективност во делување, посебно ако се работи за лице кое е во службата на СВР.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град