Споровите на потрошувачите можат да се решаваат со помош на медијатор. Уште во декември минатата година е донесен закон за медијација, но досега многу мал број граѓани ги искористиле услугите на медијаторите. Од Советот на потрошувачи на Општина Охрид сметаат дека тоа се должи на слабата информираност на граѓаните.
Потрошувачите кои не се задоволни од квалитетот на купената стока и кои започнале потрошувачки спор истиот можат да го решат со помош на медијатор. Уште во декември минатата година е донесен закон за медијација, но досега многу мал број граѓани ги искористиле услугите на медијаторите.
Граѓаните се многу малку запознаени со оваа можност за решавање на потрошувачките спорови па целта ни е да ги информираме да си го користата ова право, вели Вангел Спироски, претседател на советот на потрошувачи на Општина Охрид.
Спироски објаснува дека медијаторите се луѓе овластени од Министерството за правда, а тоа најчесто се адвокати и социјални работници. Во градов има пет шест медијатори,а граѓаните можат да се информираат кои се тие во судот, во Министерството за правда или во Стопанската комора на медијатори. Охриѓани имаат потреба од ваква услуга бидејќи многу често се жалат дека им се нарушени нивните потрошувачки права.
Постојано добиваме поплаки од граѓаните. Најчесто тие се однесуваат за непочитување на гаранцијата и гарантниот рок на технички производи, за производи затекнати со поминат рок по маркетите. Досега овие случаи успешно ги решававаме заедно со пазарната инспекција, но сега може да се вклучат и медијаторите, вели Спироски.
Спироски објаснува дека најлесно се решаваат споровите со големите компании и телекомуникациски фирми на кои граѓаните реагираат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град