• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Потресно сведоштво на пожарникарот кој прв спасуваше од резервоарот за бензин во вчерашниот инцидент

Потресно сведоштво на пожарникарот кој прв спасуваше од резервоарот за бензин во вчерашниот инцидент

Вели дека сликата која ја затекнал таму била страшна, но дека за среќа, со нивната интервенција, целиот случај поминал без жртви.

 |  Мишел Наумоски  | 
benziska
бензиска

„Помешани чувства, адреналин, и грозна слика“. Вака пожарникарот Борко Јанкулоски ја опиша вчерашната ситуација при спасувањето на трите лица од резервоарот за бензин на бензиската пумпа во непосредна близина на охридскиот аеродром. Љубен Блажески, Марјан Миноски, Оливер Цепенкоски, Митко Аслимоски и Борко Јанкулоски ја сочинуваа групата храбри пожарникари кои во текот на вчерашниот ден учествуваа во оваа спасувачка мисија.

incident benziska pumpaТокму Борко е пожарникарот кој прв се спуштил во резервоарот за бензин, во кој тројцата граѓани биле затекнати во полусвесна и несвесна состојба.

„Јас бев првиот што влегов внатре, со комплетна опрема, со јаже, првиот беше потпрен на скалата, само што слегов јас, падна, вториот веќе беше паднат, а третиот кого го видов после пет минути, бидејќи нас ни беше јавено дека се двајца, ние влеговме внатре за двајца. Ги извлековме првите двајца, слушнав крици, дека некој човек има, трет, се гуши, се дави буквално од големо количество на отрови. Побарав помош од уште еден мој колега, слезе и тој долу. Тој беше на крајот од цистерната. Успеавме да го врземе и колегите наши надвор го извадија со јаже.“-рече пожарникарот Борко Јанкулоски.

rezervoari Командирот на територијалната противпожарна единица од Охрид, Спасе Прентоски вели дека вчера, неговите пожарникари на лице место ги примениле сите стекнати вештини во обуките кои ги посетувале. Прентоски вели дека за среќа инцидентот завршил без жртви, но и дека овој настан треба да биде своевидна поука.

„Секоја материјална вредност од било каква елементарна непогода, посебно од пожарите, не е толку значајна и не се мери со вредноста макар и на само еден човечки живот. Моите пожарникари, горд сум на тоа, вчера спасија три животи и се надевам дека во иднина вакви случки ќе немаме. Ова е поука за сите лица коишто планираат нешто да работат несоодветно и нестручно да изведуваат одредени работи.“-вели командирот на Територијалната противпожарна единица од Охрид, Спасе Прентоски.

benziska pumpaИнаку пријавата за инцидентот, територијалната противпожарна единица ја примила од СВР Охрид, во која добиле информација за граѓани паднати во резервоар. Трите лица биле затекнати во состојба на бесознание.

Целиот настан се случил откако сопственикот кој влегол да го чисти резервоарот за бензин поради присуството на токсични гасови паднал во бессознание. Другите две лица ги снашла истата судбина откако влегле во резервоарот да помогнат. За среќа со брзата интервенција на пожарникарите, целиот инцидент поминал без жртви, а трите лица се наоѓаат во стабилна состојба.

Инаку резервоарот за бензин во кој се случил несреќниот настан се наоѓал на длабочина од 7 метри под земја, а бил долг цели 12 метри.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top