Потресна реконструкција на кобниот 5-ти септмеври, кажана од првообвинетиот, капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филевски. Денес пред Основниот суд во Охрид, искажувајќи сочувство на семејствата на починатите Филевски изјави: -„Подобро јас да загинев, отколку петнаесетмината патници“.
Филески кажа дека на денот на несреќата тој лично како заповедник на бродот извршил дневен преглед на пловилото, вклучително и неговото машинско одделение.
„Не се чувствувам виновен, бидејќи бродото кај мене беше во максимално исправна состојба, се одржуваше редовно, се правеа контроли.. Имаше сертификат од овластена куќа, германски „Лојд“, според кои бродот бил способен да плови“, кажа Филевски.
Што се однесува до техничкиот преглед на „Илинден“, Филевски истакна дека истиот бил направен од страна на овластеното лице на германски „Лојд“ Бранко Бајиќ. Прегледите биле извршени и во 2007,2008 и 2009-та годна, и истите го чинеле 500 евра по преглед, иако никогаш не траеле подолго од половина час. Инаку на бродот имало појаси за спасување, сместени под клупите како и неколку лиценцирани обрачи за спасување.
Самото пловило, Филевски го купил во 2003-та година од ГП „Трудбеник“, во состојба во која се наоѓа и денес, без тој да направи било какви измени и доградби на горната палуба. Никогаш и од ниту една институција или овластено лице, до денот на несреќата, не му било укажано дека не смее да превезува патници на горната палуба. „Шест години бродот испловуваше и се враќаше на 10-ина метри од Капетанијата, на клупите на палубата се превезуваа патници, но никој не дојде да ми укаже дека тука не семее да се превезуваат“, потенцира пред судот Филевски. Додаде дека бродот бил регистриран за 43 патници, а на бродот имало плочка на која пишувало носивост 60 лица. Плочка која Баиќ ја имал видено. На денот на несреќата на бродот имало 53 патници и двајца членови на екипажот. Неговиот адвокат, Димитрија Цобоски кажа дека одговроноста за несреќата треба да се побара и кај другите институции.
„Треба да се пронајде одоговорноста и кај другите кои очигледно затаија во одреден сегмент, што довело да се случи тоа што се случи“ кажа Цобоски.
Кобната тура кон Св Наум била втора која тој ден Филевски ја направил. Кажа дека после направениот дневен преглед, кој бил секојдневна пракса, запловиле без проблем, се додека после половина час пловење, на стотина метри оддалеченост од брегот во близина на Автокампот Елешец, не почувствувал дека губи контрола врз кормилото. Во тој момент бродот најпрвин нагло завртел во десно, настанала паника помеѓу патниците, по што дошло до нагло свртување на пловилото во лево и истото за само 20 секунди потонало. 12 лица поминаа низ моите раце на кои им помогнав, се додека не останав без сила“, се сеќава Филевски. Прв кој повикал помош бил неговиот член на екипаж Владо Устијаноски, кој исто така му помогнал во спасувањето на патниците. Инаку Филевски се терети за тешки дела против безбедноста на лица и имот. Судскиот процес за најголемата бродска несреќа во Македонија продолжува утре со распит на сведоци. Во бродската несќа која се случи на 5-ти септември 2009 година во водите на Охридското Езеро загинаа петнаесет бугарски туристи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град