Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) заедно со амбасадата на Украина во Република Северна Македонија ја организираа првата конференција за туризам со цел отпочнување на соработка и запознавање на туристичкиот потенцијал помеѓу овие две земји.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) заедно со амбасадата на Украина во Република Северна Македонија ја организираа првата конференција за туризам со цел отпочнување на соработка и запознавање на туристичкиот потенцијал помеѓу овие две земји.
Економската и социјална димензија на туризмот е веќе позната и минатата година со оглед на тоа дека Македонија беше рангирана на трето место помеѓу земјите од Балканот со коишто Украина има соработка, како и посетата на 20 тур-оператори од Украина и отпочнување на директна линија Киев-Скопје, е повеќе од причина за зајакнување на соработката помеѓу овие две земји.
Трите услови за соработка се исполнети – слободен виза режим, директен лет и желба за зголемување на соработката, со што беше и потпишан Меморандум за соработка помеѓу АППТ и Националната туристичка организација на Украина. На конференцјата на која учествуваа 30тина тур-оператори од Украина и 30тина домашни тур-оператори, обраќање имаа г—дин Дмитро Сеник, заменик Министер за надворешни работи на Украина, г-а Наталиа Задорожниук, Амбасадор на Украина во РС Македонија, г-дин Љупчо Јаневски, Директор на АППТ, г-дин Иван Липтуга, Претседател на Националната туристичка организација на Украина и г- а Мариа Јукхноветс, Претседател на Асоцијацијата за дојдовен туризам на Украина.
За време на конференцијата, покрај тоа што се споделија статистики и анализи за состојбата во туризмот за време на пандемијата со Ковид 19, се информираа двете страни за туристичкиот потенцијал кој го имаат и можностите за соработка. Оваа прва конференција за туризам значи нов, силен нов импулс за соработка помеѓу двете земји. Украинските туристи кои имаат интерес за посета на руралните делови на земјава, културното наследство како и ено туризмот, планираат туристички аранжмани во земјава од 5 до 7 дена.
Според Љупчо Јаневски, Директор на АППТ, закрепнувањето на туризмот треба да биде во форма која ќе овозможи самоодржливост. Начинот на патување како и интересот за туризам ќе се промени и ќе значи помали групи кои ќе имаат интерес за патување во руралните и еко предели на земјата. Закрепнувањето треба да е зелено, вели Јаневски. Според украинските претставници, РС Македонија ако е една од последните неоткриени туристички потенцијали, тогаш Украина е веднаш зад неа, затоа оваа прва конференција за туризам е од огромно значење на зголемување на туристичкиот промет помеѓу овие две земји.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град