Потпишан меморандум со ПДП

„По убедливиот пораз во првиот изборен круг на вазалот на Никола Груески, во Изборниот штаб на ДПМНЕ во Охрид е воведена вонредна состојба“ – со овие зборови го започна денешниот прес кандидатот за градоначалник од СДСМ.

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого

„По убедливиот пораз во првиот изборен круг на вазалот на Никола Груески, во Изборниот штаб на ДПМНЕ во Охрид е воведена вонредна состојба“ – со овие зворови го започна денешниот прес кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ.

Официјалната подршка Александар Петрески ја доби од општинскиот огранок на ПДП, а моралната од Владо Бучкоски.

„Место фер и демократска кампања, ДПМНЕ започнаа со методи и тортури својствени на гестапо. Приведуваат голем број граѓани на информативни разговори во полиција, рече на денешната прес- конференција, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески. Делат мобилни телефони со кои граѓаните треба со слика да докажат дека гласале за кандидатот на ДПМНЕ, купуваат гласови со народни пари“ меѓудругото истакна Петрески.

Aleksnadar Petreski„Покрај полициските структури, изборниот штаб на ДПМНЕ е појачан и со сестрано талентираниот и вечен студент Александар Николоски“ рече Петрески.

Во ОО на СДСМ денес беше потпишан Меморандум за соработка со претседателот на општинскиот огранок на Партијата за демократски просперитет.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески на денешната прес- конференција ја доби моралната подршка и од екс премиерот, Владо Бучкоски.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top