Хотелиерите ја поздравија иницијативата за потпишување Меморандум за соработка со ЈП „Билјанини извори“ бидејќи сметаат дека на овој начин ќе се продолжи туристичката сезона и ќе ги привлечат гостите од светот на спортот.
Хотелиерите ја поздравија иницијативата за потпишување Меморандум за соработка со ЈП „Билјанини извори“ бидејќи сметаат дека на овој начин ќе се продолжи туристичката сезона и ќе ги привлечат гостите од светот на спортот.
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу четири охридски хотели Белведере, Ино спектар, Метропол и Белви, Ривиера и ЈП „Билјанини извори“. Целта е развој на спортскиот туризам и зголемување на понудата на хотелските капацитети во градов. Со овој меморандум јавното претпријатие презема обврска на сите спортски настани да ги промовира овие хотелски капацитети, а за возврат тие да дадат специјална понуда за спортските гости. Ќе се формира и една заедничка цена, вели Иван Цветкоски, директорот на ЈП „Билјанини извори“.
Хотелиерите ја поздравија ваквата иницијатива бидејќи сметаат дека на овој начин ќе се продолжи туристичката сезона. „Досега вон сезоната имавме само конгресен туризам, а на ваков начин ќе ги привлечиме и гостите од светот на спортот“, вели Трајанка Ѓорѓиеска,менаџер на хотелот „Белведере“.
Инаку, соработката со хотелите во иднина ќе се прошири, вели директорот на „Билјанини извори“„. Во овој момент меморандум потпишавме само со овие четири хотелски капацитети поради бизнис релациите што ги имавме со нив во минатото, вели Цветкоски“.Тој додава, „тоа не значи дека во иднина нема да соработуваме и со останатите хотели во градов. Нашата врата е отворена за сите“.
Цветкоски во почетокот на ноември оди за Нови Сад каде пред спортските работници ќе ги промовира и презентира условите кои ги нудат четирите хотели со кои е потпишан меморандумот. Реалните резултати од овој договор и првите спортски гости тој ги очекува во декември.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град