Германското техничко друштво за меѓународна соработка ќе финансира 4 мошне важни регионални проекти на Југозападниот плански регион кои се во домен на одведување и третман на отпадни води. Меѓу нив е проектот за пречистителна станица во Трпејца и колектор од Калишта до Радожда, со што се заокружува колекторскиот систем за заштита на водата во Охридското Езеро.
Југозападниот плански регион ќе добие 11 милиони 421 000 за конечна реализација на 4 проекти кои се однесуваат на одведување и третман на отпадни води. Денес и официјално Германското техничко друштво за меѓународна соработка и Југозападниот плански регион потпишаа договор за финансирање на 4 инфраструктурни регионални проекти. Станува збор за основни проекти и ревизија за пречистителна станица во Трпејца, за колектор од Калишта до Радожда, пречистителна станица во центар Жупа, како и изработка на анализа за полезност од изградба на систем за одведување отпадни води во Кичево.
„Сите четири проекти се континуитет на претходно изработени проекти од страна на центарот за развој на Југозападен плански регион односно во изминатиов период изработивместатија за одведување на отпадни води од Градиште до Св Наум и таа беше практично базичниот документ основатаза да го добиеме иовој проект и таа ќе биде заедно со основниот проект кој што ќе се изработи преку овие одобреми проекти за да се изнајдат средства, значо големи се шансите веќе почнавме да преговараме и за изградба на тој систем од Градиште со Св Наум или во најмала варијанта таа пречистителна станица во Трпејца која што е жешка точка на Охридското крајбрежје“ -изјави директорот на ЦР на ЈПР – Струга.
Согласно договорот со Германското техничко друштво за меѓународна соработка и условите на Европската Унија, техничката документација за проектите треба да биде готова до јули месец годинава за што се издвоени средства во висина од 50 000 евра. Според најавите на Лозаноска конечна реализација на проектите може да очекуваме до 2017 год.
„Градиште – Св Наум согласно експертите, значи тоа ми е битно при барање на овие 2 милиони евра значи за целиот систем од Градиште до Св Наум потребни се две години. Ние ако завршиме а треба да завршиме со оваа документација до крајот на јули повторно другите пропратни документи паралелно и општина Охрид си изготвува документација како сопствено учество не во форма на пари и внесување меѓутоа во форма на финсирање на документи кои што тие ќе ги обезбедат од своите општини и е логично да произлезат од кај нив. Значи не е логично нас да ни дадат пари за ние дозвола за градба да вадиме од кај нив“- вели Лозаноска.
Пречистителната станица во Трпејца е повеќе од неопходна, изјави Милчо Јованоски од здружението на граѓани „За Трпејца со љубов“. Тој нагласи дека со тоа ќе се стави крај на загадувањето на Охридското Езеро во делот на најголемиот бисер и треба час поскоро да се отпочне со реализацијата на овој проект за да се зачува квалитетот на водата и живеењето во овој дел за да се развива туризмот онака како што теба.
„Навистина со текот на годините се повеќе и повеќе со развојот на урбанизацијата и малото стопанство рестораните и кафаните но и воопшто сместувачките капацитети во Трпејца, бараа на некој начин да се поведе сметка за заштита од загадувањето, особено на водата и се надеваме дека овој проект тоа ќе го направи.“ – изјави Јованоски.
Инаку, ако се земе во предвид варијанта за изградба на пречистителна станица во Трпејца тука се потребни средства во висина од 525.000 евра, додека пак ако се гради системот од Градиште до Св. Наум тогаш би се обезбедиле 2 мил евра. За основниот проект за колекторот од Радожда до Калишта би се обезбедиле 446.000 евра , за станицата во центар Жупа 450.000 евра и за кичевско веќе се обезбедени 10 милиони евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град