Поткровља ќе има над чаршијата, но колку, каде?

Денес се одржа презентација на Нацрт деталниот урбанистички план кој се однесува на објектите од горниот дел над старата чаршија, односно приватните станбени и деловни објекти лоцирани во тој дел.

 |  Крсте Голабовски  | 
prezentacija na DUP
презентација на ДУП

Започнаа јавните анкети и презентации на петте спорни нацрт детални урбанистички планови. Овие пет Нацрт – ДУП – ви беа донесени на 21-ва седница на Советот на општината. Околу нивното донесување советниците од позицијата и опозицијата имаа дијаметрално спротивставени ставови.

prezentacija na DUPДенес во големата сала на општината на ред дојде јавната анкета и презентација на нацрт – ДУП за УЗ 1, Уб 1.1 опфат1. Имено станува збор за Просторот на планскиот опфат во Нацрт- ДУП кој е ,е во границите на улиците:”Св.Климент Охридски”, “Климентов Универзитет” и ул.”Петар Чауле” или поедноставно кажано, за делот кој се однесува на објектите од горниот дел над старата чаршија, односно приватните станбени и деловни објекти лоцирани на тој простор. Граѓаните кои присуствуваа на презентацијата збунети. Некои од нив не можеа да сфатат поточно на кои од објектите лоцирани на овој простор, со новиот ДУП ќе им биде дозволено проширување во висина и габарит. Други пак се плашат от тоа еден ден пред нивните домови да не никне некој хотелско-угостителски објект. Трети со малку поразлични проблеми. Никако не можеа да добијат објаснување зошто кога некој може да добие дозвола да изврши поголеми промени на својот деловен или станбен објект, тие со години не може да извршат санација и проширување на сопствените веќе постоечки објекти но многу мали објекти. И едните и другите генерално незадоволни од новиот нацрт детален урбанистички план, но заедничко за сите, беше што воопшто не сакаа да зборуваат пред камера, со објаснување дека не би сакале да се замерат со соседот или недај боже со службите. Никој од стручната служба, ни планерот, ни претседателката на комисијата која ја водеше јавната анкета и презентација не сакаа да дадат информација пред камера, за тоа кои измени овој нацрт ДУП ќе ги донесе или за тоа колку и по кој основ се примени забелешки од страна на граѓаните. Следен од петте фамозни нацрт дупови е Нацрт – ДУП за с.Пештани од блок 1 до блок 18,  односно станува збор за протосрот  во границите на с.Пештани до хотел “Десарет”. Инаку јавната анкета и презентација на овој нацрт ДУП се одлага по трет пат, имено таа требаше да се одржи денес, но е одложена за утрешниот ден.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top