Потемнаа мозаиците во црквата Св Софија

Причина се неадекватните услови и треба да се интервенира за да се добие подобра циркулација на воздух, сметаат стручните лица за конзервација. Потребен е континуиран мониторинг и одржување на сите заштитени културно историски споменици низ Охрид, велат експертите.

 |  Соња Рилковска  | 

Мувлосаа и позеленеа мозаиците во катедралната Света Софија. Заради несоодветно чување и презентација мозаиците од оригиналниот под, кој ја краселе црквата уште од 11 век, денес се потемнети и валкани. Мозаиците се чуваат во две сонди под стакла во наосот на црквата По пријава на граѓани увид на лице место извршија конзераваторите на Завод и музеј Охрид.

„Тука во две сонди во наосот од црквата е пппрезентиран дел од оргииналниот под кој бил декорација на катедралната црква и презентиран е во едни неадекватни, според мене, услови на кои треба да се интервенира сега и да се создадат практични услови кои би овозможиле малку поголема циркулација на воздух со цел да се одвланува тој дел и да не може да се развиваат вакви микроорганизми“ , вели Никола Упевче конзерватор од Завод и музеј Охрид.

Бојата на мозаиците е променета поради влага , ќе треба детално чистење а потоа соодветна презентација, сугерираат експертите.

„Ние би можеле сега да го исчистиме и да направиме еден проект заедно во соработка со архитектите бидејки ова е една градба каде што треба да се интервенира со цел да се добие поголема циркулација на воздух, подобро осветлување за да се претставителни, подобро зачувани и презентирани“, додава Упевче.

Црквата Света Софија е една од најзначајните знаменитости во земјава со нејзината средновековна архитектура и фрески, кои се сметаат за вистински ремек дела во светот. Потребна е поголема грижа, како и континуиран мониторинг и одржување на сите заштитени културно историски споменици низ Охрид. велат експертите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top