Градски превоз сеуште се чека под ведро небо

Сеуште ништо од модерните автобуски постојки. Локалната вети дека уште пролетва ќе бидат поставени, меѓутоа не е проблемот само во тоа што доцнат туку постапката воопшто не е започната. Граѓаните реагираат, а се жалат и автопревозниците.

 |  Јаковлева Лионела  | 
avtobuska postojka
автобуска постојка

avtobuska postojkaОхриѓани кои чекаат градски превоз најчесто се под ведро небо. На голем дел од автобуските постојки во градов нема ниту настрешници ниту пак клупа каде да се седне, се жалат тие. На оние пак каде има некаков покрив над глава најчесто е искршен па изложени се на дожд, а и на сонце, категорични се граѓаните.автобуска постојка

Неуредените постојки преставуваат проблем и за автопревозниците.

-Не се покриени постојките не се правилно обележани така да може да се случи доколку некој од возачите незнае дека на тоа место има постојка да ја промаши, вели Димитар Василевски-директорот на АД „Галеб“.

Од Локалната ветија дека до оваа пролет градов ќе добие автобуски постојки по европски терк, но ветувањата останаа празни. Велат причина за тоа била лошата финансиска состојба во која се наоѓа општината. Сега повторно ветуваат дека за брзо време ќе се реши овој проблем.

-Се разгледува можноста за избор на постојките и се подготвува тендерска документација за да се распише јавен повик, ќе биде пронајден понудувач и ќе биде избран модел на постојките кои ќе бидат поставени, вели Томе Змејкоски од Фондот за комунален развој и сообраќај.

Инаку, планирано е да има 30 постојки кои ќе бидат обележани со посебни знаци и ќе се разликуваат од досегашните. Локациите се веќе познати.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top