Постои можност за контролирано изловување охридска пастрмка

Министрите за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Албанија денеска во Тирана ги разгледаат можностите за контролирано изловување охридска пастрмка од двете страни на границата.

 |   | 

Министрите за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Албанија денеска во Тирана ги разгледаат можностите за контролирано изловување охридска пастрмка од двете страни на границата.

Ова прашање, како што истакна министерот Трајан Димковски, се провлекува подолго време, но постои иницијатива за негово решавање. За решавање на проблемот околу излов на охридската пастрмка, покрај од македонска, смета дека треба да има интерес од албанска страна.

„Охридското Езеро неодамна доби концесионер, што е многу важно да знаеме кој да контролираме и следиме и да добиеме информции како се одвива рибарењето, мрестењето и слично.Ова е отворено прашање кое сакаме да го затвориме. Мора да постои интерес и од нивна страна. Од наша секако дека има. Но Албанија има еден дел од езерото и мора и од нивна страна сериозно да се разгледаат сите можности и како експлоатацијата на охридската пастрмка да биде умерено и контролирано за да нема криволовство, односно неконтролирано ловење на пастрмката. Очекуваме заедничка соработка со цел да ја одржиме автохтоната охридска пастрмка и тоа економско рибарење да биде во рамките на дозволеното“, рече Димковски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top