Во охридскиот центар за комуникации со граѓаните има интерес за средба со народните избраници. Ова го потврдува Маја Јанковска асистент на пратениците Анита Кипаризовска, Цветко Грозданов, Владо Стефаноски, Александар Николовски.
Во охридскиот центар за комуникации со граѓаните има интерес за средба со народните избраници. Ова го потврдува Маја Јанковска асистент на пратениците Анита Кипаризовска, Цветко Грозданов, Владо Стефаноски, Александар Николовски.
Ивона Ангелеска, асистент на пратеникот Томислав Чинговски, вели доколку пратенците се спречени да бидат присутни во канцалариите в петок таму сепак ќе бидат пречекани од специјално обучени асистенти.
Тие може да им помогнат во зависност од проблемот, предлогот или идејата.
Граѓаните доаѓаат в петок, но и во останатите работни денови од 9 до 14 часот, ги има од сите националности и партии вели Александра Јаневска асистент на струшкиот пратеник Тахир Хани.
Пратеникот од Вмро Дпмне Цветко Грозданов, има од 2006 приватна пратеничка канцаларија и вели дека пратениците остваруваат средби со граѓаните ,но не знаее дали е тоа во петок како што било договорено со сите пратенички групи или во останатите работни денови. Граѓаните бараат помош во разни области почнувајќи од проблемите поврзани со денационализација, урбанизам, инспекциските служби, решенија за постојан работен однос во просвета, па се до вработување.
Пратеникот од СДСМ , Томислав Чингоски не е задоволен од тоа што не се почитува договореното петок да биде ден за средби на граѓаните со нив пратеницитес. Секој петок има закажани работни седници на комисиите и не можеме да се сретнеме со граѓаните во овој ден вели Чингоски. Тоа го правиме во други термини со претходен договор.
За потсетување Центарот за комуникации со граѓаните е подржан од Националниот демократски институт, финансиски помогнат од швајцарската агенција за соработка и развој , како и од охридската локална самоуправа. Тој е замислен каксо линк помеѓу локланат и централната власт.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град