Вредни етнолошки експонати ќе бидат изложени пред охриѓани

Поставки со етнолошки експонати насловени како „Изложба на клашна“ и „Рачната работа изумира, но во музејот останува“ ќе бидат презентирани пред охриѓани на 28 ноември во куќата на Робевци. Етнологот Марија Каневче вели дека собирањето на материјалите за едни вакви поставки е долг процес од којшто на крај се прави селекција на најубавите предмети кои се изложуваат  пред очите на јавноста.

 |  Елена Пирузе  | 
rakotvorbi
ракотворби

kanevce
“Првата изложба облека од клашна се горните облеки кои се носеле во минатото и кои биле составен дел на народната носија. Доминираат повеќе женски клашеници и елеци, но има и две машки клашеници и се застапени скоро од секаде од Македонија. Имаме и од охридско, има и од Дебар и од  ресенско и од струшко. Ги одбравме најубавите, најрепрезентативните клашеници и елеци коишто се дел од збирката при НУ Завод и Музеј-Охрид”,вели етнологот Марија Каневче

rakotvorbi

На втората изложба ќе можат да се видат пердиња, покривала за маса, перници, драперии и други,кои се или плетени или везени. Експонатите се изработени со најразлични техники поентле, с`ча, миле и други везени предмети како капчиња, драперии, потоа крпи за на ѕид, одкупени од граѓаните на Охрид. Овие елементи можат да се сретнат низ цела Македонија.

“Карактеристично е да се каже дека и сите овие експонати на рачна работа што тука сега е изложена, било дека од чеизот на невестата, до крајот на 90те години, ниедно приќе или чеиз како што народски е наречено не можело да се замисли без тие прелази, без толедоа, без перници од бели вез и постелнина,коешто е собрано тука да се види”, рече Каневче

rakotvorbi

Клашниците се дел од збирка на вработените во НУ Завод и Музеј-Охрид, а другите предмети се  набавени преку откуп којшто е финансиран од средства на министерството за култура.  Целта на музејот е старото да се сочува. Изложбата пред охриѓани ќе биде отворена 2 до 3 месеци од денот на изложувањето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top