Ова е уште една група која ги негува старите народни песни што е доказ дека младите се повеќе се заинтересирани за македонскиот етно фолклор кој е надалеку прочуен.
Ова е уште една група која ги негува старите народни песни што е доказ дека младите се повеќе се заинтересирани за македонскиот етно фолклор кој е надалеку прочуен.
Етно атракција на Охридско лето. „Монистра“ е македонска група која во јавноста е присутна од 2002 год. Гостувањето на Охридско лето не е случајно, вели Тони Симоновски директорот на фестивалот. Тој додава дека се работи за музичари кои ги имаат освоено сите симпатии како на домашната така и на светската публика.
Менаџерот на Македонската етно група „Монистра“ Бранко Јовевски, вели дека чест е што настапуваат на Охридско лето. Додава, дека нивното место е тука во Охрид-градот кој претставува најсилен чувар на културата и уметноста.
Членовите музичари на групата „Монистра“, со нетрпение го очекуваат вечерашниов настап пред посетителите. Меѓу нив доминира чувството дека се на вистинското место.
Етно-групата „Монистра“ има бројни настапи во земјата и надвор од неа, како што е тоа во Франција, Словенија. Нивната основна цел е презентација на македонската култура во странство. Досега имаат издадено еден албум насловен „Монистра“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град