После 50 години, Охридско езеро без експлозиви

Охридското езеро ќе биде исчистено од сите експлозивни средства.

 |  Голабоски Крсте  | 
Mini
мини

MiniДирекцијата за заштита и спасување, денеска на прес конференција ги соопшти деталите и информациите од акцијата .
После 50 години дното на Охридското езеро ќе биде исчистено од сите експлозивни средства. Акцијата ќе трае еден месец и ќе се одвива на 4 локации во езерото. Ќе се вадат неексплодирани експлозивни сретства  од Балканските војни и Првата и Втората светска војна. Со скенирање од пред неколку години, само се потврди дека рачни бомби, гранати и мини се распослани во должина на брегот на самото дно.
Опасните материи се наоѓаат на оддалеченост од 50 метри од брегот, на длабочина од 4 до 5 метри.
Активностите кои започнаа се продолжение на проектот кој започна во 2007 год, при што беше извршено снимањето на езерото од страна на тмови на Ај ТИ ЕФ. Податоците покажуваат дека во езерото на повеќе локации има неексплодирани минско експолозивни средства кои во таму се нашле по разни основи од првата и втората светска војна.

За акцијата набавена е најсофистицирана опрема за подводни активности што за првпат се користи во Република Македонија. Нејзината вредност е околу 70.000 евра и ќе остане во сопственост на Македонија. Со набавка на доплнителни финансиски средства најавено е дека ќе бидат извадени и неексполодираните мини и од Струшкиот дел на езерото, кај Калишта и Радожда. Олеснителна околност при вадењето е сочуваноста на експлозивните средства.
Во операцијата за чистење на Охридското Езеро логистички се вклучени и МВР, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Министерството за животна средина и просторно планирање, Локалната самоуправа на Охрид и Охридската Капетанија. Донатор на активностите е Министерството за надворешни работи на САД.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top