Поскапуваат горивата

Од вечерва на полноќ поскапуваат горивата, одлучи Регулаторната комисија за Енергетика.

 |   | 

Од вечерва на полноќ поскапуваат горивата, одлучи Регулаторната комисија за Енергетика. 

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС 95 и ЕУРОСУПЕР БС 98, на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 2 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени минатата недела.

Со ова, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС 95 изнесува 78,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 изнесува 80,50 денари/литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 71,00 ден/литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 71,00 денар/литар. Овие цени ќе важат од полноќ вечерва и во наредните седум дена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top