Посебна миризба ги заплиснува грѓаните на Охрид

Миризбата овојпат не доаѓа од скарите и пувките туку од шахтите. Големите горештини се причина повеќе за ваквата појава

 |  Јаковлева Лионела  | 
sahti
шахти

Граѓаните се жалат на неподнослива реа која доаѓа од шахтите. Оваа појава посебно е застапена во централното градско подрачје. На овие афрички горештини распаѓањето на фекалиите е побрзо па затоа и миризбата е поинтензивна, објаснуваат од ЈП Нискоградба. sahtiОд таму знаат за овој проблем, но немаат што многу да направат. Илче Каневчев, раководителот на административниот сектор во Нискоградба вели дека за да не доаѓа до овој проблем треба да се смени целосно цевководот и да се заменат шахтите, а тоа може да се направи само со  целосно нов проект.

Најголем проблем преставуваат шахтите кои се перфорирани односно отворени. ОД ЈП Нискоградба велат дека тие редовно ги чистат и шахтите и цевководите, а особено пред летната сезона. Каневче потенцира дека нивните екипи се постојано на терен. Во летниов период работат и во три смени се со цел барем малку да се ублажи ова појава.

Инаку овој проблем се провлекува години наназад, а сеуште не се најде решение за истиот. Досетливите граѓани незнаејќи веќе што да направат шахтите ги прекриваат со килимчиња. Ем не мириса, ем се атракција за туристите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top