Како до мирно решавање на работните спорови? Целта на денешната трибина на Сојузот на синдикатите на Македонија беше да одговори токму на ова прашање. Заштитата на работничките права и брзото и ефикасно решавање на работните спорови сеуште не го нашле своето место во Македонија, но во иднина треба да се обрне што поголемо внимание во таа насока-вели судијата Богоја Стрезоски.Посебни одделенија за решавање на работните спорови-вака функционираат работите во македонското судство. Иако одделенијата добро функционираат, експертите советуваат формирање на посебни судови за работни спорови, нешто што постоеше во рамките на поранешна Југославија со таканаречените судови на здружен труд. Од сојузот на синдикати на Македонија велат, потребни се вакви слични институции, кои ќе се занимаваат пред се со заштита на правата на работниците.
„Навистина во рамките на нашиот судски систем кон специјализација на судовите значи имаме одделенија значи засега само одделенија за работни односи посебни оддели и на некој начин функционираме, ние судиите како специјализирани судии судиме само специјални спорови значи од работни односи, тоа е еден чекор кон тежнението можеби во иднина да имаме самостојни работни судови како што било некогаш судот на здружен труд.“-вели Богоја Стрезоски-Судија во основен суд Охрид
Стрезоски додаде дека обуки како оваа денешната се секогаш добредојдени, пред се во насока на едукација на вработените и запознавање со судската пракса. Сепак, основната тенденција е велат мирно решавање на работните спорови.
„Значи целта, основната цел на денешната трибина е пред се да ја разработиме темата односно законот за мирно решавање на работните спорови за да не би дошло при повреда на работничките права, да не би дошло до судска заштита, значи пред се треба да се применува законот за мирно решавање на работните спорови што тоа ние како синдикат редовно го практикуваме доколку настане определен проблем во определена организација ние одиме, разговараме со раководството да го решиме тој проблем на мирен начин, доколку не се постигне спогодба по однос на тој спор, тогаш одиме на судска заштита.“-рече Драган Цветаноски-Секретар на синдикално претставништво за Охрид, Струга и Дебар
Судијата Стрезоски вели дека досега во неговата пракса сеуште немало некои екстремни случаи на работни спорови, а во насока на мирното решавање се применува законот за процесна постапка.
„Новите измени на законот за процесната постапка налагаат задолжително упатување на странките најпрво по мирен пат да ги решаваат споровите, таму каде е можна медијација, значи досега беше оставено на волјата на странките меѓутоа сега имаме задолжителна обврска тоа викам од септември значи па натака со измените на законот задолжително упатување на странките и потсетување дека најпрво треба да се обидат на мирен начин. Сметаме дека на тој начин ќе дојде до растеретување на судството од една страна, а од друга страна ќе биде зголемена довербата помеѓу странките. –додава Стрезоски
Денешната трибина беше организирана во соработка со фондацијата Фридрих Еберт, а присутни беа повеќе експерти од областа на трудовото право, меѓу кои, Јадровска Петкана судија од Битолска апелација, како и Претседателот на комората на медијатори-Зоран Петковиќ Бакли.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град