Портокалово, портокалово и пак портокалово

Денес е денот на холандската кралица, ден кој по традиција се одбележува и во Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
decinja kralica
дечиња кралица

Познато сценарио, познати актери. Насмеани, ведри, облечени во карактеристичната портокалова боја, холандските туристи денес имаа можност далеку од дома да го прослават денот на холандската кралица. Плажата Куба Либре и овој пат беше домаќин и организатор на најважниот празник во холандската култура. На прославата беше присутна и првата дама на холандската дипломатија во Македонија, Мариет Шурман.

„Не ми е прв пат тука во Охрид, но точно ова ми е прв пат да сум во Охрид за денот на кралицата. И денес е денот Д, 30 Април па ние го прославуваме нашиот национален празник овде со пијалак за сите холанѓани во Охрид, кои го посетуваат Охрид, но и сите македонци кои имаат некаква врска со Холандија.“-вели Мариет Шурман-Холандски амбасадор во Р.Македонија.

den na holandska kralicaОхриѓани се покажаа добри домаќини. Своите омилени туристи ги послужија со вкусни коктели, се разбира портокалови по боја. Амбасадорката Шурман вели, има причина зошто холанѓаните се чувствуваат толку удобно во Охрид.

„Има посебна врска помеѓу холанѓаните и Охрид пред се поради тоа што многу познат писател има напишано книга за Охрид и околината, „Свадбата на седумте цигани“, имаме холандски парк тука со портокалови велосипеди што очигледно асоцира на Холандија и тоа е нешто што ни е заедничко со Охрид, употребата на велосипедите насекаде. Охрид е многу популарен кај холандските туристи. Минатиот петок им посакавме добредојде на првите туристи овде сезонава и се надеваме дека ќе биде добра сезона и сигурна сум дека Охрид ќе им се допадне на холандските туристи исто колку што ми се допаѓа и мене.“-додава Шурман.

Амбасадорката Шурман вели дека нема некои посебни активности за денес, и дека денес е ден кога сите се сплотени и заедно уживаат во убавата глетка и убавото време. За крај, на сите холанѓани им го честита денот на кралицата, а кон честитките се придружуваме и ние.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top