Пораст на сметките за ѓубретарина

Давачката за ѓубретарина може да се зголеми, најавува Комуналец по најновата одлука за зголемување на цената на струјата. Растот на цената на  нафтата  исто така се рефлектира  и ја отежнува работата на ЈП „Охридски Комуналец“, истакнува првиот човек Сашо Алчев.

 |  Валентина Нелоска  | 
Komunalec
Komunalec

Sasho AlceДавачката за ѓубретарина може да се зголеми, најавува Комуналец по најновата одлука за зголемување на цената на струјата. Растот на цената на  нафтата  исто така се рефлектира  и ја отежнува работата на ЈП „Охридски Комуналец“, истакнува првиот човек Сашо Алчев. Дадов иницијатива до еснафското здружение АТКОМ и Сојузот на стопанските комори да побараат од Владата да се откаже од акцизата и давачките кои јавните комунални претпријатија ги имаат во делот на бензинот и дизел горивото ама и по три месеци  одговор сеуште нема, кажува Алчев. Првиот човек на Комуналец вели дека зголемувањето ќе биде минимално во интерес на граѓаните, само да се надомести зголемувањето на цената на струјата и нафтата.
KomunalecЈавното претпријатие Охридски Комуналец во 2011 година нема заостанати побарувања по основа на наплата на извршена услуга. Од охриѓани наплатата е околу 90 посто вели Алчев, а поголем проблем имаат со наплата на викенд становите која во моментов се движи околу 55 посто. На граѓаните кои сакаат да плаќаат, а не можат заради лошата финансиска состојба  им даваме и поволности тоа да го направат на рати, вели Алчев.
Комуналец на секои три месеци испраќа опомени за плаќање на сметките, а на шест месеци се покренуваат тужби за неплаќачите. Некаде околу 3000 граѓани годишно добиваат тужби за наплатата на долгот кон ова претпријатие. „Се соочуваме со проблем  непочитување на одредбите од Законот при купопродажба на станови. Се случува нотарите да солемизираат договори, а претходно  да не се исплаќаат обврските кон Комуналец и другите јавни претпријатија. Друг проблем имаме со Законот за заштита на податоците со кој сме ограничени во проверката за  сопственоста затоа што граѓаните не се обврзани за наши потреби да да се легитимираат,“нагласува Алчев.   

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top