Хотелската асоцијација најавува пораст на цените од 20-тина % во хотелско-угостителскиот сектор. Велат ценовниот шок на останатите производи веќе е на товар на работењето во секторот, ќе мора да растат цените на аранжманите и услугите. Хотам бара олеснување на постапката за дозвола за производство на електрична енергија со фотоволтаични системи за да може да бидат поконкурентни.
Ќе растат цените на хотелските и угостителските услуги. Со трендот на пораст на цените на сите производи и зголемените трошоци, хотелската асоцијација најавува пораст на цените на хотелските аранжмани и храната и пијалоците во локалите за 20-тина %. Туристичките работници велат цените со години биле непроменети, но притисокот од порастот на трошоците е неизбежен.
Зголемена е и цената на аранжманите во новите потпишани договори со странските тур оператори за идната година.
Цените кои ги даваме во хотелската индустрија со оглед на репроматеријалите кои ги добиваме како струја, прехрана, пијалок итн, сето тоа е поскапено значи ќе мора неминовно ќе дојде до поскапување на самите понуди. Денеска да се загрее или излади еден објект да не речам чини двојно повеќе ама речиси е двојно повеќе од пред три четири години. Ако споредиме со четири години уназад сигурно е дупло повеќе, што значи цената во ниеден случај не може да остане иста – вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
Дополнителен товар е енергетската криза и порастот на цената на електричната енергија. Хотам бара олеснување на постапката за дозвола за производство на електрична енергија со фотоволтаични системи за да може да бидат поконкурентни.
Се бараат обновливи извори на енергија, поставување на фотоволтаични панели што може да се постават по хотелите, но некако самите закони кај нас го прават тоа да биде многу отежнато и да не може да се добие таа дозвола за брзо време значи зборуваме од искуство не може да трае шест месеци постапката да се добие дозвола за производство на електрична енергија. Ако се направи полесна апликација како тоа би се добиле полесно и побрзо можда и едно советодавно тело кое би помогнало на хотелската индустрија за сите хотели да направат соларни панели за да бидеме поконкурентни на пазарот и да останеме една таква дестинација – додава Блажески.
Хотелската асоцијација и Независната угостителска комора од ноември бараат финансиска поддршка од државата за надминување на корона кризата.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град