Поради пукнат шибер се замати водата на „Марко Нестороски“

Денес водата за пиење на ул „Марко Нестороски“, беше заматена. Таквата појава ги вознемири жителите на оваа улица и побараа одговор од надлежните од МЈП „Проаква“, на што се должи таквата состојба како и тоа дали водата може да се употребува.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Жители на Охрид од потегот на Крст Џамија долж ул „Марко Нестороски“, утрово се пожалија дека водата од градскиот водовод е заматена и со траги на песок. Тие старавуваат за своето здравје и сметаат дека во најмала рака преку соопштение требало да бидат известени за состојба со водата дали е за употреба или не, како и за причините поради кои водата е во таква состојба. ТВМ побара одговор од ЈП Водовод Охрид.

Според информациите кои ги добивме од оддлението за односи со јавност, утрово на овој потег нивните екипи работеле на дефект, поради пукнат шибер во станбен комплекс. Шиберот бил заменет за нецел час, така што дефектот за брзо бил отстранет. Од таму укажуваат дека не постои простор за загриженост на мештаните бидејќи заматување на водата можело да се случи краткотрајно додека водата помине низ инсталацијата така што во вакви случаи се препорачувало водата да потече малку и потоа да се употребува.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top