Долгогодишното занемарување на проблемот со реката Сушица деновиве доведе до опасност граѓаните кои живеат на улицата „Железничка“ да останат без сопствените домови.
Долгогодишното занемарување на проблемот со реката Сушица деновиве доведе до опасност граѓаните кои живеат на улицата „Железничка“ да останат без сопствените домови .
Поради излевање на водата поплавени се неколку дворови а околните бавчи се под вода.
Опасноста е уште по голема, ако се земе во предвид фактот дека овој реон се наоѓа помеѓу коритата на две реки. Доколку дојде до излевање и на другата река, ситуацијата ќе биде уште по страшна. Една од причините за ваквата ситуација според граѓаните е стеснувањето на коритото на реката сушица.
Жителите од овој реон повеќепати ги информирале надлежните институции за проблемот, упатуваат апел до надлежните во најбрзо време да се превземат мерки за справување со проблемот. Самоинициативните обиди да се исчисти реката од страна на граѓаните досега недаваат никаков ефект.
За справување со проблемот задолжена е локалната самоуправа.
Од таму изјавија дека се чека одобрување на средствата од министерството за заштита на животната седина. Дури потоа ќе може да се реализира проект за чистење на речните корита.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град