Поплавите ќе ја загрозат безбедноста на храната

Охрид е домаќин на Седмиот Централно – европски конгрес за храна. Храната во Македонија генерално е безбедна, сметаат експертите, но треба да се внимава на внесување на одредени производи кои изминатиов период беа на удар на инспекциите за храна.

 |  Николоска Биљана  | 
kongres hrana
конгрес храна

Колку е безбедна и квалитетна храната во Р. Македонија. Ова е најпоставуваното прашање изминативе години, а одговорот на тоа треба да го даде Агенцијата за храна и ветеринарство како и институциите кои што ја испитуваат храната, вели професор Владимир Какуринив.

kongres hrana„Она што е чуство кај граѓаните во РМ нарочно после последните инциденти со млекото, што беа со афлатоксинот, беа да, да, системот функционира во РМ но треба да биде подобрен и треба да се внимава на внесување на вакви производи во Р. Македонија,  – вели Какуринов.

Поплавите кои што деновиве се актуелни во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска ќе ја загрозат безбедноста на храната. Кај експертите веќе постои стравување од можноста да се појават хидричните инфекции поради загадената вода. Исто така експертите нагласија дека годинешниот род е изгубен, земјиштето онеспособено за летните посеви а поплавени се и фабриките за храна.

„Исклучително е голем проблемот бидејќи поплавени се и фабриките за производство храна. Нашите фабрики за производство на дезинфекциони средства работат во три смени бидејки знаат дека токму сега е потребна дезинфекција. Без помош на Европа тешко ќе може да ја надминеме оваа непогода, нагласува проф. Миомир Никшиќ од факултетот за земјоделство Белград.

Не само што се загрозени домовите туку уништени се и големи земјоделски површини, нагласи Власта Пелижота професор на Пртехрамбено технолошкиот факултет од Осиек. Според неа глад им се заканува и на малите земјоделци и сточари кои го изгубија основниот извор на егзистенција.

kongres hrana„Многу животни настрадаа или ќе страдаат уште од ралични причини. Тоа се ресурси кои тешко ќе може да се надоместат бидејќи тие суровини се основа за приизводната прехрамбена индустрија но и за текстилната индустрија. Се плашам дека ќе имаме големи штети“, вели Пелижота.

Во Охрид деновиве се одржува Седмиот Централно – европски конгрес за храна. Над 300 учесници од 30 држави од целиот свет се дел од овој конгрес кој ќе трае до 24 Мај. Овој научен собир за прв пат се одржува во РМ и е под покровителство на „Европската Федерација за Науки и Технологии во храната“ и „Меѓународната Унија за Науки и Технологии во храната“. Конгресот се одржува секоја втора година во различна држава и на едно место ги собира сите производители и дистрибутери на храна, а научниците и истражувачите од прехранбените институти имаат можност да го промовираат својот професионален развој и новините во прехрамбените науки и технологии.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top