Поплавените ќе причекаат обештетување

Над 160 поплавени домови и деловни објекти од Пештани, Воска,  Радојца Новичиќ, улицата Железничка како и сопствениците на земјоделските посеви и домови од селата Орман, Горно и Долно Лакочереј со нетрпение ја чекаат  финансиската помош.

 |  Валентина Неловска  | 
polavi
поплави

poplaviНад 160 поплавени домови и деловни објекти од Пештани, Воска,  Радојца Новичиќ, улицата Железничка како и сопствениците на земјоделските посеви и домови од селата Орман, Горно и Долно Лакочереј со нетрпение ја чекаат  финансиската помош. Но, раководителот  на Фондот за комунален развој Емин Селман, информира дека општинската Комисија за проценки  сеуште не излегува со  конечен износ на настанатите штетите од поплавите. Селман додава дека со повлекувањето на водата од домовите во Пештани сега има нови моменти, па Комисијата ќе прави дополнителна проценка на штетите. Тој објаснува нема проширување на објектите за обештетување, тоа е завршена работа, ќе има само додатна реална проценка која ќе ја направиме по  повлекувањето на водата, која во куќите достигнуваше и до 80 см, па првично не можевме да ја утврдиме реалната штета. Инаку Комисијата ги има  евидентирано сите семејни куќи и  деловни објекти оштетени од поплавите. Во Воска 43 семејства претрпеле штета, во Пешатани 49 куќи и 5 деловни објекти, на Железничка и Радојца Новичиќ  57 семејства, во Рача 2 , Орман 8 и  неколку семејства во Андон Дуков и Костозглобна. Со проценката се опфатени неколку  видови штетата нагласува Селман. Се прави проценка на оштетената бела техника, покуќнината, паркетот и  ламинатот и градежниот дел.
Проценка е направена и на штетите  врз земјоделските посеви во селата Горно и Долно Лакочереј од излеаната Коселска река. Комисијата за штети со целосна и конечна проценка за поплавените објекти ќе излезе  наредната недела.
Извештајот потоа ќе биде ставен пред охридските советници кои доколку го усвојат ќе го проследат до Владата на РМ Македонија.
{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top