Поплава во Даљан

Водата ја однесе целата зимница која граѓаните ја подготвиле.

 |  Татјана Маленкова  | 
stanica
станица

Причина за оваа насреќа е неработењето на пумпите во колекторскиот систем. Граѓаните велат намерно ги исклучуваат, а од Проаква дека дошло до прекин на електричната енергија.   

Фекална вода викендов во Даљан поплави 60 тина станови и неколку куќи. Водата ја однесе целата зимница и бреше прилина да се расипат многу електрични апарати. Жителите од овој дел на Охрид, видно револтирани од настанот.

zgrada vlezДежурните служби на Проаква се максимално мобилни. Последната проверка вработените ја направиле околу 12,30, кога било се нормално. Околу 4 часот утрото имало пад на системот од ЕВН, по што пумпите во колекторот престанаа да работат, вели директорот на Проаква, Бранко Трпчевски.

„Поради недостаток на електрична енергија престанаа да работат пумпите во колекторот, вели Трпчевски.

По однос на граѓанските обвинувања упатени кон Проаква, дека овој проблем често се случува, а тие не превземаат ништо, Трпчевски се правда:„И да има вакви чести излевања на фекалии, никогаш фактор за причинување на истите не била Проаква.

“Најчести проблеми со кои се соочуваме се преоптовареност на системот, дефект на пумпите, или накратко кажано виша сила“ вели дирекорот на Проаква.

Проаква не бега од одговорноста, вели Трпчевски. Доколку со комисиски записник се утврди дека е направена штета поради пропусти во работата, ние на граѓаните ќе им ј надоместиме. Во овој случај дел од одговорноста треба да превземе и ЕВН, бидејки пумпите престанаа да работат  поради недостатокот на електрична енергија, вели Трпчевски. Ќе прифатиме обештетување само доколку е реално и само доколку оштетените редовно ги подмируваат сметките од Проаква, вели директорот на Проаква.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top