PONT заинтересиран за Вевчански извори

Вевчанските извори подготвени да влезат под капата на Фондот за природа „Преспа Охрид“. ПОНТ го анализирал заштитеното подрачје и смета дека за многу кратко време ќе се склучи договор со Општина Вевчани за грантирање во корист на природата и локалното население.

 |   | 

Фондот за природа Преспа Охрид (ПОНТ)  е во план да го прошири своето грантирање на “Споменик на природата Вевчански извори”.  PONT смета дека заштитеното подрачје на сифонските  врела сместени  на источните падини на планината Јабланица на над 900 метри надморска височина е спремно да се вклучи во нивната програма и дека за многу кратко време ќе се склучи договор помеѓу PONT и Општина Вевчани.  Мирјам де Конинг извршен директор на ПОНТ заедно со консуланти и координатори на Фондот веќе  одржала работен состанок со Градоначалникот на Вевчани Сашо Јанковски.  

„Ние за една година донесовме План за управување со Вевчански извори, го презедовме управувањето од владата. Увиделе дека доста брзо напредуваме во овај дел и од анализите увиделе дека сме подготвени не за подготвување документација за пред грант туку за грант за да можеме да воспоставиме целосна контрола на ова заштитено подрачје.“

Од наша страна беше искажана нашата визија за понатамошен развој на ова заштите, информира Градоначалникот Јанковски.

„Во моментов се работи на систематизација на тоа заштитено подрачје да го ставиме под контрола. Треба да вработиме 3ца ренџери, еден шумарски инжињер, еден советник за еко туризам. Тие ни предложија во претстојниов период пред извршниот одбор на Фондот да предложат финансирање на заштитеното подрачје.“

 Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (Prespa Ohrid Nature Trust – PONT) е финансиран од МАВА фондацијата и Германската банка за развој. Негова мисија е да обезбеди долгорочно финансирање за зачувување и одржливо користење на биолошката разновидност, природните процеси и екосистемските услуги во Преспа и пошироката област во корист на природата и локалното население. Започнаа во 2018 та година со финансирање проекти за заштита на биодиверзитетот и управување со заштитените подрачја во Преспанскиот регион со проширување на финансиска поддршка и за Охридскиот и за други региони во државата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top