За граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија, 21 декември, понеделник, ќе биде неработен ден.
За граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија, 21 декември, понеделник, ќе биде неработен ден.
Ќе се одбележува Денот на настава на турски јазик.
Во основното училиште „Братство“ од Охрид, каде наставата се изведува на три наставни јазици, децата од турската заедница се образоваат на нивниот мајчин јазик.
Република Македонија продолжува да ги негува културните особености на националностите, кои се интегративен дел во развојот и промоцијата на културниот, образовниот, економскиот и општествен развој на земјава.
Исто така, меѓу Република Македонија и Република Турција има цврста соработка, која се одвива во духот на пријателството, меѓусебното почитување и разбирање.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град