Веруваме дека во недела македонските гласачи ќе го положат испитот на зрелоста за одржување фер и демократски избори.
Не дававме бомбастични ветувања, велат од општинската СДСМ. Ние имаме капацитет и доблест да се вложиме и на охриѓани им обезбедиме подобра иднина. Како што најавивме на почетокот, така и направивме- водевме позитивна кампања.
Носителот на листата на кандидати за советници на СДСМ, Бранко трпчески, уште еднаш потенцира дека станува збор препознатливи имиња, докажани во својата професија.
Се што не беше направено изминатите 20 години, не можеше да се реализира во 4- годишниот мандат. Пак се кандидирав за да ги довршам веќе започнатите проекти, рече кандидатот за градоначалник, Александар Петрески.
Практиката од поранешните избори за подмитување и уценување на граѓаните од страна на ДПМНЕ се повторува и сега, велат од СДСМ. За среќа, совеста на граѓаните е на такво ниво кое не дозволува некој друг да диригира со нивните одлуки, беше кажано на денешната прес- конференција на СДСМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град