Територијалната противпожарна единица од Охрид во 2014та година интервенирала 90 пати.
Од вкупно 90 интервенции поради пожари во првото тромесечие на 2014та година, 42 биле поради пожари на отворен простор. Според командирот на територијалната противпожарна единица, Спасе Прентоски, месец Март е карактеристичен токму по овој вид на пожари. Охридската јавност изминативе денови сведочи за неколку вакви случаи на палење на пожари на отворен простор. Според командирот Прентоски, во 99 проценти од случаите, причината е човечкиот фактор.
„Апелирам до сите граѓани на подрачјето на општина Охрид и Дебрца да се воздржат во овие временски услови на поголеми горештини кои наидуваат, имаме многу густа вегетација на треви насекаде, во полето, во планините, да избегнуваат палење на пожар на отворен простор, на таа густа вегетација, суви треби и отпадни материјали заради избегнување на тие пожари.“-вели командирот на територијалната противпожарна единица од Охрид, Спасе Прентоски.
Доколку сепак на сопствен ризик граѓаните одлучат да запалат стрниште или некоја густа тревна вегетација, Прентоски вели дека тоа треба да се направи на точно определен начин како би се спречило ширење на пожарот.
„Секој кој што планира најдобро е да пријави дека планира да пали во одреден временски период и дека тој оган е под контрола на некого. Ако сака да пали поголеми површина на нива со густа вегетација, подобро тоа е да го избегнува, ако е овоштарник по редовите таа густа вегетација на треба колку е поголема, толку поголемо ширење на пожарот ќе има, ќе го фати паника сопственикот и доаѓа до проширување не само на неговиот објект туку и до соседите, ако е нива чиста, без овоштарници, лозје или било што, со заорување по меѓите на нивата, одредена површина која тој ќе процени дека не може пожарот да ја премина, најдобро е да се направи со заорување на нивата.“-рече Прентоски.
Тој вели дека не само што овој тип на пожари се карактеристични за овој период туку и пожарите се карактеристични за одредени региони. Најголемиот дел од интервенциите, територијалната противпожарна единица од Охрид ги извршиле во реоните околу специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, Подмоље, како и селата во Дебрца-Лактиње, Годивје, Врбјани и Сливово. Прентоски потсети на неколку пожари кои се случија изминативе денови, меѓу кои го спомена и пожарот кој се случи вчера во реонот на Лактиње, пожар за кој Прентоски вели дека бил намерно предизвикан од страна на лице кое веднаш било фатено на местото на настанот и приведено. Вакви пожари во изминатиов период имаше и во Косел и во месноста Андон Дуков.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град