Закажани за првата недела од месец јуни, се вбројуваат во редот на политичките фактори, кои исто така се и објективни фактори на кои не лесно може да се влијае. Во секој случај нивното влијание врз туризмот може да се очекува, велат туризмолозите. Професор доктор Науме Мариноски од ФТУ од Охрид, вели дека предверемените избори, може негативно да се одразат врз сезоната ако и само ако истите не бидат демократски. Но исто така нивното успешно спроведување, може да не претстави во светот како демократска земја која вреди да се посети, додава Мариноски.
„Сметам дека то тоа нема да дојде и дека импактот на политиката во овој случај нема забележително да се одрази врз туристичката сезона. Одразот треба да се очекува само во смисла на тоа дека различни политички опции можат да пледираат на сега веќе отвореноста на странските гости кон РМ. Тоа е многу важно прашање во рамките на оваа ситуација, која се создава со предвремените избори“, вели Мариноски.
Развојот на туризмот, покрај од атрактивните ресурси, е условен и од повеќе други фактори меѓу кои и од имиџот кој за конкретната дестинација, во случајов за Република Македонија, е создаден во емитивните земји. Имиџот на туристичката дестинација може да се истражува врз основа на: секундарни и примарни податоци.
Мислењата на туристичките работници поделени. Од хотелскиот еснаф велат дека извесни реперкусии може да се очекуваат. Се надеваат дека направените резервации за тој период од годината ќе бидат реализирани.
Од агенциите, малку пак поголеми оптимисти. Што се однесува до најавените посети на странските туристи во тој период од годината, сега за сега истите, остануваат. Некои од нив дури веќе и ги извршиле уплатите.
Првиот човек на Охрид, Градоначалникот Александар Петрески со став дека предвремените избори во секој случај ќе повлијаат на претстојната туристичка сезона. Со самото тоа што за време на предизборната кампања, некои активности воопшто не се преземаат, туризмот во овој период од годината ќе трпи, вели Петрески.
„Мислам така поучени од минатата година кога имавме слаби резултати во туризмот, со чекорите кои ги презедовме очекувам годинава да имаме многу подобра сезона. Меѓутоа таа добра сезона ппоради избориве, ќе трпи“, дециден е Петрески.
Туризмот од периферна општествено-економска појава стана нова форма во меѓународните односи, потрошувачката и производството, со силно влијание на сите аспекти од човековото живеење. Затоа, повеќе земји во светот, посебно недоволно развиените земји и земјите во транзиција како Р. Македонија, во туризмот гледаат една од можностите за побрз развој на своето стопанство. Мора да бидеме свесни дека при анализата на имиџот на земјата како туристичка дестинација во голема мерка зависи од нејзиното службеното претставување во емитивните земји. А што е дава подобра слика за една држава од нејзината демократска зрелост, пресликана во фер и демократски спроведени Парламентарни избори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град