Политичарите се поклонија пред споменикот на Св. Климент Охридски

На градскиот плоштад, пред споменикот на Св. Климент Охридски застанаа еден до друг политичарите од локално и централно ниво.

 |  Валентина Неловска  | 
cestvuvanje na Sv Klimwent Ohridslki
чествување на Св Климент Охридски

cestvuvanje na Sv Klimwent OhridslkiНа градскиот плоштад, пред споменикот на Св. Климент Охридски застанаа еден до друг политичарите од локално и централно ниво. Но, ни духот на големиот заштитник на Охрид, светецот Св. Климент не им помагна да го смират антагонизмот што започна пред неколку дена со објавувањето на добитниците на наградата Св. Климент  Охридски.
Од  ОК на Вмро Дпмне не отстапуваат од цврстиот став да ја бојкотираат наградата за животно дело 5 децении Фестивал Охридко лето.
Атанаско Михаилов претседател на ОК Вмро Дпмне
потврди дека начинот на доделата и личностите кои ја добија наградата Св. Климент не го заслужуваат тоа. Доделувањето на Св. Климентовата награда е повеќе од лични интереси.
Градоначалникот Александар Петрески пак во врска со бојкотот на наградата од страна на Охридско лето, вели дека тоа е нивна одлука. Петрески рече раководството на „Охридско лето“ се само политички марионети кои нема да го расипат едниството пред присутните странски гости. Не очекував да паднат толку  ниско претседателот на управниот одбор и министерката за култура“.
Делегации на локалната самоуправа, преставници од Владата, како и од општинските политички партии, делегации од гимнзијата и основното училиште кои го носат името на патронот на градот, и многубројни други делегации положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на градскиот плоштад. Градскиот детски хор „Распеано ѓерданче“ ја разубави атмосферата со нивните песнички посветени на Охрид и Св. Климент.
Инаку, вечерва на свечена академија пред охрижани и голем број гости ќе бидат доделени наградите на годинешните добитници.

cestvuvanje na Sv Klimwent Ohridslki

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top