Се брои ситно до завршувањето на 2014тата и доаѓањето на новата година. Годината на заминувавање за некого успешна за некого не. Ги запрашавме политичарите како тие ја доживеаја ова година и што очекуваат од наредната.
Како политичарите ја доживеаја годинава на заминување и што очекуваат во новата 2015та. Започнавме со првиот меѓу еднаквите, таткото на градот, градоначалникот Никола Бакрачески. За него годината што одминува е година во која локалната се справувала со сервисирањето на заостанатите долгови и во која приоритет ставиле на инфраструктурното уредување на градов. Инвестирале и во културата и образованието. 2015Та очекува да биде година за паметење и најплодна година за општина Охрид.
Во 2015та ќе имаме многу пообемна развојна програма на општина Охрид. Ветувам дека ќе вложуваме многу повеќе пред се во делот на инфраструктурата во градење патишта, улици , тротоари, водоводна и канализациона мрежа, а ќе работиме и на реконструкција на училиштата и на културните и спортски објекти, рече градоначалникот.
2014те во убаво сеќавање ќе остане и за пратеникот Александар Николовски. Пред се како што кажа ќе ја памети по фер и демократските парламентарни и претседателски избори, а и поради капиталните проекти како што е започнувањето на изградбата на автопатот Охрид-Кичево и влегувањето на странската инвестиција ODW ELEKTRIK.
2015та очекувам да биде поуспешна и да се реализираат работите отпочнати во 2014та. Да се започне со изградба на автопатот Охрид-Пештани, автопатот кон Битола и автопатското поврзување на Требеништа со Струга, вели Николовски
Опозицијата малку поинаку ја виде годината што изминува. Претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев вели дека 2014та ќе ја памети по нефер и крајно некоректните избори, по нереализираните капитални проекти за Охрид и по големото иселување на младите од Охрид.
Се надевам дека во 2015та Охрид конечно ќе го добие она што веќе долго време се најавува како што е современа автобуска, градски пазар, марина, затворен базен , дом за страи лица и други капитални проекти за градов. Најмногу од се сакам да престане иселувањето на младите едуцирани кадри и дека сите заедно ќе го кренеме гласот против уништувањето на културното наследство врз кое се врши девастација и атак, вели Тунтев.
И за советникот од ЛДП, Дејан Блажески годинава што изминува не е розова. И тој потсети на нереализираните капуитални проекти во градов, но и на неуспешноста во работењето на јавните претпријатија . Блажески подвлече дека општинава не ја добила финансиската помош ветена од централната власт.
Единствена светла точка во годината што доаѓа мислам дека ќе бидат студентите и академската заедница и дека од таму ќе тргне караванот за рушење на оваа власт, но секоја следна Влада ќе вади врели костени бидејќи има систематски нарушувања во државава, потенцира Блажески.
Останува да видиме што годината која е пред нас ќе им донесе на граѓаните на Охрид и на општината.
Инаку, сите наши соговорници и на Телевизија ТВМ и на нашите гледачи им ја честитаа Новата година и им посакаа поголем просперитет во годината што доаѓа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град