Полицијата на четворица oхриѓани синоќа им ја одзела возачката дозвола

Полицијата на 4ца oхриѓани синоќа им одзела возачки дозволи управувале возило под дејство на алкохол.

 |   | 

Синоќа во времето од 20 до 02, на подрачјето на СВР Охрид беше реализирана акциска сообраќајна контрола кон возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.
Притоа,  полициските службеници извршија контрола на 184 патнички моторни возила (Охрид-18, Струга-59, Кичево-85, Дебар-22).  При извршено алкотестирање, констатираа 09 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга-02, Кичево-02, Дебар-01), информира портпаролот на СВР Охрид.
Тие се исклучени од сообраќај, времено одземени им се сообраќајните документи и се соодветно санкционирани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top