„Полицајци“ ќе ја отворат новата сезона на Народниот театар од Охрид. Претставата е работена според делото на Славомир Мрожек, а е во режија на Андреј Цветаноски.
Петта премиера за една година постоење на Охридскиот народен театар. Оваа сабота, со премиерата на претставата „Полицајци“ се заокружува репертоарот на оваа културна установа, која функционира во рамките на Центартот за култура „Григор Прличев“. Раководителот Горан Стојаноски, задоволен од развојот на оваа културна установа.
„ Нашата должност е да ја говориме вистината, дури и акот таа не е најприфатлива во одреден моемнт, нашата етичка димензија е важна исто како и нашата естетика. Не може да се ценат уметници кои велат дека им е важна само уметноста. Мора да живееме во реалноста и да ја направиме подобра. Не смееме да сме кукавици“ објаснува Стојаноски.
Андреј Цветаноски, режисерот на претставата „Полицајци“ вели дека оваа претстава е драма за објективноста како состојба на умот и како начин на создавање на едноумие преку кое се доаѓа до еден совршен систем.
„Системот кој човекот го создава има многу различности, но секој систем има и многу исти работи. Тие работи со кои се занимаваме, не се дневни работи во системот туку се човечките вредности од кои зависи системот, а тие се исти. Потребата за моќ се јавува во секој систем“ кажува Цветаноски.
Актерите учесници во претставата согласни дека ова нивно дело, по својата тежина дава една целосна слика за репертоарот на Охридскиот театар. На гледачите им порачуваат дека станува збор за нешто сосем поразлично од она што досега имале можност да видат.Една од повпечатливите улоги, онаа на затвореникот му припадна на актерот Стрезо Стаматоски, кој има свое видување за проблемот кој го третира оваа претстава.
„ Доколку би се искоренил, криминалот и другите девијантни појави и воопшто агресивното однесување на човекот, дали би имало потреба да функционираат одредени државни институции од типот на полиција,армија или суд?“, прашува Стаматоски.
Покрај постојаната актерска екипа од охридскиот театар, во неа учествуваат и актери гости Валентин Костадиноски, Никола Ристески и други. Ова најново театарско дело својата претпремиера ќе ја доживее на 20-то во петок, додека премеиерата е на 21 во сабота во 20 часот.Цената на билетот е 100 денари. Народниот театар од Охрид во понеделник гостува во Драмски театар Скопје со претставата Ајде да си речеме уште една“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град