Од локалната самоуправа велат дека освен со првичната техничка помош од страна на стручните служби, локалната и финансиски ќе ги обештети најпогодените охриѓани.
Постепено нормализирање на ситуацијата во домовите и дворовите на граѓаните кои во текот на вчерашниот ден беа поплавени поради обилните врнежи. Градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со секретарот на општината Димитар Спасески и стручни служби, вчера и денес претпладне ги посетија најпогодените населби Даљан и Воска. Најкритична ситуацијата на улиците „Дејан Војвода“, „Ариф Мустафа“ и „Сатеска“.
„Градоначалникот Бакрачески им наложи на стручните служби да обезбедат поголем број на пумпи со кои ќе се одведува водата од поплавените простори, дворови или домови на граѓаните кои се најзагрозени и перманентно ја следиме ситуацијата со овој проблем кој се јави со надојдените води и исто така оние граѓани кои се најзагрозени и најпогодени, ќе добијат се разбира и соодветна оштета од општина Охрид, по формирање на за тоа соодветна комисија која на лице место ќе ги утврди штетите и во соодветна постапка, со одлука на совет понатака ќе следи оштета за граѓаните кои беа најпогодени односно имаа најголеми оштетувања од водите.“-вели портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.
Џамтоски додава дека поради ситуацијата, екипи од јавните претпријатија Нискоградба и Охридски комуналец постојано се на терен со цел отстранување на последиците на оние места каде што се највидливи штетите од поплавите. Освен тоа, Џамтоски вели и дека будно се следи ситуацијата со водостојот на реките.
„Најголемата опасност доаѓа се разбира по оние две речни корита на реките Далјан и Грашница и каналите кои се сливаат во овие реки. Велам екипи на ЈП „Комуналец“ постојано се на терен и сега ги расчистуваат оние канали и речни корита од најдодената вода, односно надојдениот смет, искршени гранки покрај речните корита. Сето тоа постојано се следи, постојано се екипите на терен и ги отстрануваат пречките кои се јавуваат на водотеците односно ги чистат каналите за да не дојде до поплавување и поголеми непогоди за граѓаните и нивните имоти.“-рече Џамтоски.
Инаку, од локалната додаваат дека градоначалникот Бакрачески, и стручните служби на општина Охрид во корелација со Кризниот штаб и наредниве денови будно ќе ја следат ситуацијата со поплавите на територијата на општина Охрид, предизвикани од повисокиот водостој на реките, каналите и канализациската мрежа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град