Полагање на испит за возачи по електронски пат

Започна примената на електронскиот начин на полагање на теоретсеки дел за возачки испит.

 |  Маленкова Татјана  | 
polaganje vozacki ispit
полагање возачки испит

Полагањето во регионалнот центар со седиште во Охрид се одржа утрово. Управителот на центарот Славе Смилески затоволен од текот на денешниот испит. Вели отидовме чекор напред, ние имаме многу поголема прегледност, а кандидатите добија полесен начин да го покажат своето знаење.

„Пријавувањето е исто како и досега. Откако ќе се пријави, кандидатот добива код – лозинка од испитот polaganje vozacki ispitпреку која се најавува во електронскиот систем и од таму добива генериран тест по случаен избор од софтверот. Со ваквиот начин на полагање сметаме дека во многу ќе се олесни начинот на полагање на кандидатите затоа што сите ситуации се попрегледни, а и кандидатите веднаш по завршувањето на теоетскиот дел ги добиваат резултатите од самото полагање“, вели управителот на испитен центар Охрид, Славе Смилески.

Во испитниот центар во Охрид одеднаш може да полагаат 30 кандидати. Доколу има повеќе кандидатите се делат на повеќе групи. Смилески вели дека со овој начин на полагање  кандидатите ќе бидат приморани навистина да го научат теоретсекиот дел од испитот. Една иста комбинација може да се повтори на 8 милионити пат  што значи дека нема никаква можност кандидатите да носат белешки и да препишуваат.

„И понатаму има испитна комисија од три членови како и досега и тие пред својот компјутер за време на полагањето со новиот начин имаат можност да го сладат секој кандидат колку прашања има одговорено во секој ременски период. Во секое време може да проверат што се случива со тој кандидат . Надзорот е максимално голем“, додава Смилески.
polaganje vozacki ispit
И претставниците од автошколите задоволни од воведувањето на електронскиот начин на полагање на теоретски дел за возачки испит.  Сопственикот на авто школата „Блег“, Бошко Филчески вели дека се што треба кандидатите да направат за да положат е да го научат она што им се предава во Авто Школите и добро да ги познаваат сите области кои ги поминале со обуката.

„Кандидатите се малку исплашени но нема причини за тоа со оглед дека автошколите се подготвени за електронско погагање. Кандидатите ги насочуваме строго да посетуваат теоретската настава, добиваат учебници за полесно да го совладаат матријалот истиот матријал кој и претходно го работеа со кандидатите е застапен во електронското полагање.  
Електронското полагање е полесен начин на полагање со оглед на фактот дека кандидатите му даваат можност да може да врши избор на прашањето кое ќе одговара“, вели сопственикот на авто школа „Блег“, Бошко Филчески.

Филчески напоменува дека кандидатите имаат можност и сами да вежбаат преку web сајтот на министерството за внатрешни работи. Преку овој сајт може да видат демо верзија преку која која може сами да се тестираат, а и да дојадат до матријалот за учење.   

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top