На пола пат остана ул Мите Богоески

Доцнат работите околу реконструкцијата на ул Мите Богоевски. Жителите рагираат бидејќи патот не само што е каллив и го нагрдува амбиентот во централното градско јадро, туку неколку дена се изолирани, без можност за пристап на возилата на итната медицинска помош и противпожарната единица.

 |  Николоска Биљана  | 
ulica
улица

Улицата Мите Богоевски се дави во кал и вода. ulicaНеодамна крак на оваа улица, позади општината и економското училиште беше раскопан поради изведување на неколку инсталации поврзани со водоводно канализационата мрежа. Но работите застанаа во место. Мештаните на овој дел реагираат. Тие велат дека на улицата не се изведуваат зафати веќе една недела, патот е блокиран од работна машина, асфалтот зјае, фрекфенцијата на коли e невозможна а кал и вода има насекаде. Вината ја фрлаат на Локалната, бидејќи според нив, од таму им кажале дека работите се стопирани поради финансиски средства. Гласноговорникот на охридската Локална самоуправа Симон Илиевски, признава дека доцнат зафатите околу реконструкција на спорниот крак. Тој посочи можни причини за тоа.

„Веројатно тие за паузата од два три дена можеби со добавувачите имаат некаков проблем за набавка на дел од опремата која што во најголем дел е изградена“ -вели Илиески.

simceИлиевски тврди дека Локалната ќе си ја исполни оврската  во поглед на финанасиите кои  треба да му ги исплати на изведувачот, во овој случај Пупе Компани, и тоа  навремено и согласно договорот.

„Според законските прописи, после потпишувањето на  ситуацијата, од кога ќе се изведат градежните работи после тоа нема проблем со плаќањето. Според постапката тие ни доставуваат фактура за изведената работа и тоа ќе биде навреме платено“ -рече Илиески.

Рокот за изведба на првата фаза сеуше не е поминат, вели Илиевски. Според консултациите кои ги направил со изведувачот, му ветиле дека за 10 тина дена ќе ги финишираат активностите согласно постапката. Но после тоа треба да се помине на вторат фаза, а за неа ќе треба да се распише нов тендер, бидејќи се работело за друг тип услуги, според информациите на Илиевски. Дали временските услови ќе го дозволат тоа, останува да видиме. Но треба да го имаме во предвид и фактот дека за брзо време ќе се затворат и асфалтните бази, па после тоа изговорот на надлежните ќе биде поедноставен.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top