По вчерашниот прилог во кој зборувавме за нелегалните градби кои секојдневно никнат во стариот дел на Охрид, денес до редакцијата на ТВМ пристигнаа реакции од граѓани кои живеат во овој дел на градот а се соочуваат со истиот проблем.

Семејството Атанасоски кое живее во стариот дел на Охрид го изгуби својот поглед кон езерото поради дивоградбата на соседите. Иако од Секторот за урбанизам тврдат дека не станува збор за нелегален објект останува фактот дека истиот за 40 сантиметри отстапува од планот, што е утврдено од страна на инспекциските служби, а на тоа не реагираат.
Очигледно, прилогот предизвика огромен интерс па имаше големт број јавувања во нашата редакција. Граѓаните реагираат дека ова не е единствен ваков случај. Постојат голем број дивоградби во Охрид за коишто Секторот за урбанизам знае, а инспекторатот не ги спроведува соодветно донесените решенија- за стопирање на градба, за рушење, за отстранување и сл. Охриѓани се прашуваат до кога на поединци ќе им се прогледува низ прсти, а при тоа на големо ќе се уништува автентичноста на старото градско јадро. Се проценува дека состојбата во стариот град е толку лоша, што ниту Законот за Охрид кој е во процедура неможе да ја подобри.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град