Показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес во СОУ „Св. Кирил и Методиј“

Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Планинарско–спасителската единица при Црвен Крст Охрид, утре (03.11.2021 -среда) во 11 часот во Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј” во Охрид ќе биде спроведена показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес.

 |   | 

Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот инспекторат за образование и останатите учесници – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Истата има превентивен карактер, а целта е подигнување на степенот на безбедносни мерки и подготвеност кај учениците и наставниците за поефикасна заштита при земјотреси, пожари и други елементарни непогоди. Показната вежба се спроведува согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата, а со почитување на препораките за заштита од Ковид 19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top